речник контакт

Какви се неправилности во изборениот процес регистрирани во СВР Велес

Едно лице уапсено за кривично дело, едно приведено за нарушување на јавен ред и мир. Фотографирано е гласачкото ливче, регистрирани случаи за поткуп на гласачи и агитирање околу избирачки места

Петар Печков

Велешката полиција во текот на вчерашниот изборен ден, на територија на Општина Велес,   регистрирала неколку прекршувања на изборниот процес, информираа од МВР.  

Во еден случај тие имаат уапсено едно  лице, под сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборниот  процес.  

На подрачјето на СВР Велес  констатирани биле  и прекршок  „омаловажување на службено лице“ и  „карање, викање и непристојно однесување“ по Законот за јавен ред и мир, како и еден  прекршок „користење на мобилен телефон за сликање на гласачко ливче“ по  Изборниот законик .

За сторен прекршок по   Законот за јавен ред и мир,  приведено во полициска станица  е едно лице на подрачјето на Велес.  

СВР Велес  постапува по  пет  настани  за наводен поткуп и два се за агитирање околу избирачките места и организирано носење гласачи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »