речник контакт

Како велешани го одбележаа светскиот ден на здравјето 7-ми април

По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, невладината организација ,,Друштво на родители за грижа за здраво поколение“ организираше хепенинг во Велес со повеќе содржини.

Петар Печков

По повод Светскиот ден на здравјето 7-ми април, невладината организација ,,Друштво на родители за грижа за здраво поколение“ организираше хепенинг во Велес со повеќе содржини. Се трчаше по градските улици, имаше аукција со продажба на велигденски јајца и продажба на ученички цртежи  

- Целта на овој настан е да го промовираме здравјето и здравиот начин на живеење, но и преку одредени содржини да собереме средства кои се со строго определена намена - изјави Сашко Андрееевски, претседател на ова граѓанско здружение.

\"\"

Се трчаше во неколку категории, кај основците победи Арсов Аце, кај средношколците Кристијан Ефремов, кај атлетичарите Тони Урумов и кај војниците Реџепи Исмалил.

Собраните средства од продажбата на велигденски украсени јајца се наменети за оперативен зафат на осум месечно бебе, додека од продажбата на сликите чии автори се учениците од  градот, парите ќе се употребат за ликовните работилници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »