речник контакт

Како велешките пензионери чекаат во редици да ја подигнат пензијата

Ова е само пред Стопанска банка

Петар Печков

Гужви, редици е сликата која се случува секогаш кога пензионерите ги добиваат пензиите во месецот. И тоа ваква слика има пред Стопанска Банка експозитура Велес. Пред останатите банки нема. Пензионерите уште во 8 часот се пред вратата, треперливо чекаа за да влезат  во 8,30 и ги подигнат парите. Вака беше и денес ќе биде и утре, сабота.

Ние сме постари луѓе и не ја сменивме Банката кога се отворија нови во градот. И затоа има најмногу корисници, Стопанска е најстара во градов, ама и најмногу се чека. Не сме толку современи да плаќаме електронски како што не советуваат или преку картичка. Го затворија шалтерот во Нова населба и сега сите сме тука. Има гужва, чекаме, а што да правиме, мора за да ги подигнеме парите – вели еден пензионер. Во овие гужви тие паметат кога морало да интервенира и доктор од Брзата помош, кога  некои постари лица  колабирале од чекање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »