речник контакт

Како да го избегнете женското „не“

Кога на некое машко ќе почнат да му се тресат нозете, да му се превртува во стомак и да му се суши устата, големи се шансите тој да се наоѓа во близина на девојката која му се допаѓа или да се припрема „за напад“ на доближување. Кога се случува одбивањето, доаѓа до грубо кршење на егото и појава на евентуална несигурност кај мажите за понатамошни акции. Десетте предлог - причини за одбивање на жените, околу кои треба да сторите нешто би биле:

Зоран Николов

[b]1. Едноставно, таа е кучка[/b] Типката има гледано многу репризи на „Сексот и градот“. Нема никаков респект за машките чувства и смета дека за да некој има секс со неа треба да се плати милион долари. Таа сака околу неа да се вртат мажи и да и се потпикуваат, а таа да ги одбива. [b]2. Ги немате потребните средства[/b] Откако некој прогласи дека парите се критериум број еден во светот, жените послушно го прифатија тој начин на перцепција на светот. Па, така доколку немате пари или изгледате дека немате, ќе се спуштите на пониските места на нејзината топ-листа за кандидати одговорни за задоволување на нејзините сексуални потреби. „Уф колку „Г“ точката“ ја погодуваат 100-те долари. [b]3. Зафатена е[/b] Бидејќи на жените им е многу лесно да дојдат до секс, (се што треба да направат е да побараат) често се случува да се зафатени. Може да има љубовник, момче или може да е венчана за некој. Зафатените жени се делат на две групи. Чесни, кои веднаш ви предочуваат дека се зафатени и „штипик**ки“ кои ќе ве манипулираат, палат и гасат додека им е интересно за да на крајот си заминат непипнати и „чесни“. Затоа пред да се распостелете како „персиски тепих“ испитајте ја ситуацијата, „зафатена или не“. [b]4. Само си игра-играчки[/b] Со други зборови таа е сериска флертаџика. Тука спаѓаат најчесто мажени жени без самодоверба кои треба постојано да си докажуваат сами на себе дека се уште се пожелни, згодни, страствени итн. За таа цел тие се спремни да си ја „пробаат среќата“ со било кое машко кое ќе им се најде во близина. Но, не треба да се надевате. Тие обично не одат до крај, сакаат само да изнудат реакција и веднаш потоа, вие не сте интересни. Таа си заминува. Ова е уште еден флагрантен пример за злоупотреба на сексуалната моќ на жените врз мажите. [b]5. Таа е „психо“[/b] Многу девојки во минатото имаат одбрано „лоши момци“ или имаат психолошки причини, биле вмешани во ужасни врски и ги обвинуваат мажите за се лошо што им се случува во нивните животи. Мажите се криви за се и сите се исти. Таа ќе ве одбие само затоа што „сте еден од нив“. [b]6. Грешни потези[/b] Ако и пристапите со „Кај си маче“додека таа доручкува, или ако ја фатите за рамо со мрсни раце, ако злобно се клештите и продолжително и се обраќате кога не е заинтересирана, вие во нејзините очи растете како досадна и морничава личност. Оттука вашите шанси да спиете со неа се колку на евнух. [b]7. Грешно време[/b] Многу често се случува да се „добие корпа“ поради тоа што и трае циклусот, не се чувствува привлечна во моментот или поминува низ некоја само за неа позната фаза... Доколку на истата жена исто и пристапите за неколку дена ќе го видите зеленото светло. [b]8. Била повредена[/b] Секогаш кога ќе слушнете, „Не сум за врска “ или „Ми треба некое време да се средам“, како одговор на вашата покана за излегување, тоа обично значи дека претходно имала болно искуство и не е заинтересирана во моментот да започнува нова врска. Со вака „оштетените“ жени треба да се оди на пријателство или да се почека да и зацелат раните и потоа да и се понуди вистинска љубов од ваша страна. [b]9. Вие сте „муле“[/b] Односно немата сексуална сигурност. Се топите како сладолед кога ќе дојде во ваша близина. Не можете да кажете реченица, а да не ви затрепери гласот. Доколку таа не почувстува возбуда од вашиот приод веднаш ќе бидете ставени во адресарот на приајтелите. [b]10. Не и се допаѓате[/b] Тоа е единствено нешто што не можете да го смените. Ако не и се допаѓате обидете се кај некоја друга.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »