речник контакт

Како да се стигне навреме на погреб во Св.Спас

Како во сцена од македонската црна филмска комедија „Викенд на мртовци“ на велешани при погребот може да им се случи, починатиот да го нема на последното испраќање или пак да пристигнат на друг погреб.

Петар Печков

Како во сцена од македонската црна филмска комедија „Викенд на мртовци“ на велешани при погребот може да им се случи, починатиот да го нема на последното испраќање или пак да пристигнат на друг погреб. Иако фамилијата и блиските се тука, починатиот се чека и по половина час и повеќе. Ова често преку викенд се случува во црквата Св.Спас каде поради лошата конфигурација на теренот, тесните сокаци и човечкиот инат, комбето со посмртните останки заглавува на улицата   Прохор Пчински. Такви случаи има многу а блиските и роднините се гневни што ни во смртта не можат во мир  да се простат од  починатиот.

- Четириесет минути чекавме да го донесат починатиот, откако  поради метеж на улицата, сообраќајот се блокираше а со тоа и колата која го пренесуваше брат ми. Ние сите в црква а починатиот го нема. Немавме време да се простиме од него, бидјеќи времето минеше а по нас имаше друг погреб. Ова е недозволено што се случува на левата страна од градот - вели член на семејство кое неодамна го погребало нивниот близок. Објаснувањето за вавката состојба е едноставно, пристапот до црквата Св.Спас по улицата Прохор Пчински е тежок бидејќи едвај може да мине еден автомобил по неа а не да се разменат два. Во должина од половина километар води единстената улица, која е тесна или широка, не повеќе од 2,5 метри и има можност да мине само еден автомобил. Но бидејќи теренот е непрегледен се случува од двата правци да налета колона автомобили, кои кога ќе се сретнат лице в лице, не можат да се разминат а уште потешко е некој да се врати наназад поради конфугурацијата на теренот, за некого угорнина за некого удолнина а редицата долга.

- Вакви проблеми се случуваа често, поради застој, починатиот да не може во договорениот термин за погреб да биде допремен во црква. Ако има во текот на денот и други погреби тогаш се случува сите да се поместуваат, што доведува до збрка кај присутните. Доаѓаат пријатели на еден починат, наидуваат на друг, па не знаат дали погрешиле или промашиле термин и доведени сме во непријатна ситуација – велат свештениците од црквата Св.Спас. Вакви примери има многу но решение засега нема. Секој погреб на ова црква е голема непозната за блиските на починатиот, дали ќе се стигне навреме, дали нема да се заглави во тесната улица, дали се ќе мине во ред, дали некој нема да дојде за следниот погреб.  Жителите кои живеат на оваа улица посочуваат дека проблемот се актуелизирал последните 15-тина години, откако зема замав такси возењето. Проблемот не е нов, стар со десетици години, а тежок е за решавање, велат од локалната власт.

- Можност за проширување на улицата нема. Кога се граделе куќи во овој дел на Велес, пред стотина и кусур години не се водело сметка дека еден ден ќе има ваква френкфенција на автомобили, при што два не ќе можат да се разминат. Сега е скоро невозможно било што да се превземе. Ќе се обидеме улицата да ја поплочиме со бехатон плочи и на неколку места да создадеме простор за поголеми слободни површини, каде автомобилите ќе можат да се разминуваат. Или пак со некоја од соседните улици да се создаде кружен тек или еднонасочен сообраќај – велат од локалната власт на Велес. Затоа пак велешани кои прошетале по светот со конкретна идеја , како да се реши овој децениски проблем. Тие го посочуваат примерот на грчкиот остров Крф, шпанските од Канарите или Балеарите, каде ваквите тесни улички биле проблем за нормално довивање на сообраќајот. Таму биле воведени семафори кои наизменично, во одреден временски интервал ги пропуштаат автомобилите да се движат по уличките, при што бил озвозможен нивно непречено движење.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »