речник контакт

Како до вода на овие пеколни температури

На овие пеколни температури, кога водата ни е неопходна а лекарите препорачуваат да ја пиеме почесто, таа не е достапна на јавните површини во градот

Петар Печков

Од десетината чешми во градот повеќето работат, освен таа кај Поштата. Но затоа јавни чешми нема посебно во стариот дел до градот, десната страна од градот. И со фонтаните немаме многу добри вести, ново изградените  две во Младински и кај Железничката зграда работат, додека тие кај Ликовниот салон и на плоштад Сармаале не. Две други повеќе и не постојат, на излезот од Велес на нејзино место се изгради бензинска на Лукоил, додека пред НА-МА, стана  жардинера за цвеќе.

 Од ЈКП Дервен стигна одговорот зошто некои чешми не работат. Двете чешми во Младинскиот парк, во непосредна близина на црквата се времено исклучени на барање на граѓаните поради злоупотреба. Имено, малолетници  со едната чешма  ги прскале  оние што пијат вода од другата. Инаку, тие веќе се  функционални.

Во врска со сите јавни чешми во градот, ЈКП Дервен очекува  локалната самоуправа да постави механизми за економично трошење на водата наскоро. Фонтаната кај Ликовниот салон не работи во моментов поради дефект на пумпа. Пумпата е испратена на поправка во Скопје, но со оглед на тоа што за поправката е надлежна локалната самоуправа,   дервенци чекаат кога пумпата ќе им биде доставена за да може фонтаната повторно да профункционира. На фонтаната кај Сармаале се вршени работни активности за одржување, I  деновиве таа беше повторно   пуштена во употреба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »