речник контакт

Како и за Нова година, така и за Божик велешани дишеа воздух со високи вредности на ПМ10 честички

Дали студениот бран кој е најавен од денес, понеделник, ќе го намали загадувањето на воздухот во Велес?

Петар Печков

Велес повторно празнично се гушеше во загаден воздух. За 5 и 6 јануари, петок и сабота имаше два дена вредности над 110 мг/м3  на ПМ 10 честички,  што е над прагот на информирање, за што требаше локланата власт да соопшти. На 5-ти јануари  Коледе забележана е вредност од 111 мг/м3 додека на 6-ти сабота 132,5 мг/м3.

Со тоа продолжува состојбата со лош квалитет на воздухот во Велес, бидејќи од 7 дена 6 биле над граничните вредности од 50/м3.  Вредностите се регистирани од страна на апаратите на Министерството за животна средина, лоцирани  кај Детската градинка во населба Тунел.

Идентично беше и за новогодишните празници, кога на 30, 31 декемвир и 1 јануари, три дена по ред имаше вредност над 100 мг/м3. 

 Дали студениот бран кој е најавен од денес, понеделник, ќе го намали загадувањето на воздухот во Велес?

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »