речник контакт

Како и каде да се складира отпадот од Повардарјето

Започна реализацијата на проектот за техничка документација за Регионален отпад во Повардарјето

Петар Печков

Започна реализацијата  за најважниот проект во Вардарскиот плански регион,  со кој треба да се реши проблемот со отпадот во Повардарјето. Проектот во кој се вклучени осум општини од регионот е финансиран од  ИПА фондовите и Министерството за животна средина   и со него ќе се изработи проектна документација.  Тој  е од  исклучителна важност за регионот и чекор   кон крајната цел, прибирање и складирање на отпадот.   

Проектот  ќе трае до крајот на 2017-та и завршува со проектирање на регионална депонија и трансфер  станици,  како  и подготовка  на тендреска и  техничка документација за изградба на Регионална депонија. Таа треба да го прибира отпадот за 200 илјади население - рече Марко Колев раководител на Вардарскиот  плански регион.  

Вредноста е  3,5 милиони евра , финансиран  преку ИПА фондовите со 2,6 милиони евра а  Министерството за  животна средина  обезбедува  54 милиони денари.  Проектот ќе обезбеди регионални планови за управуање со отпад, стратешки оцени на животната средина, проценка на трошоци за затворање, рехабилитација и натамоша грижа за нестандардните постојни општински  но и за дивите депонии.

Проектот ги определува најдобрите решенија  за управување со цврст отпад. Тоа е голем предизвик и сериозен проект, но убедени сме дека  ќе го реализираме  со сите општини кои припаѓаат овд е, со  регионот и надлежното  министерство   - изјави Христос Доиманидис  претставник на конзорциумот   кој го  работи  проектот.  

Идентични проекти   за  решавање и управување со цврстиот отпад  се спроведуваат  и во Скопскиот, Пелагонискиот и Југо-западниот  плански регион.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »