речник контакт

Како неготинчанка ги воодушеви велешанки

Неготичанката Снежана Велјанова е вистински уметник во создавање на декорации од овошје и зеленчук, редок пример на креатор на уметноста на трпезата

Петар Печков

. На огромно изненадување   на присутните од манифестацијата ,,Вешта жена,,  , Снежана дојде како гостинка во Велес а ги освои симпатиите. За кратко  времево  откако таа ги постави нејзините изработки, започна да се создава редица на нејзината маса за посетителките да  ги видат двата примероци на ,,морска сирена и делфини,, и ,,икебана од рози,, кои беа вистински магнет за гостите.  Изненадувањето за велешанки беше големо, бидејќи експонатите  беа изработени од сезонски зеленчук, кој успева  во овој период од годината.

Ова што го гледате е изработено од зеленчук кој овој период го има на пазарот, морков, компир, дајкун, `рдоква, цвекло, бела роквица и од тиква. Сирената и делфините ги работев пет часа. За нив се инспирирав кога видов таков предмет од керамика и си поставив задача и јас тоа да го  изработам, но само од тиква. Додека корпата со рози  ја работев четири часа – објаснува Снежана.

Освен што нејзината работа е тешка, бидејќи треба во детали да се изделкаат сликите  или цветовите, изработените експонати кои ги донесе во Велес се и физички тешки по осум килограми. Сирената и делфините, неготинчанката ги изработила од една тиква. Нејзината работа и творештво се ретка уметност,  која малкумина ја знаат и ја применуваат во Македонија. Нема желба да се натпреварува на кулинарски  манифестации, каде жените ги покажуваат вештините, бидејќи скромно вели дека таа не е за трка. За нејзината работа треба многу трпеливост, време и внимание. Важно според Велкова е да се има визија, што се сака да се постигне.

Почнав со аранжирање на храна, полека освојував од знаењето и со умешноста стигнав до оваа моја фаза. Познато е дека јадењето не е само вкус, туку тоа се консумирање и со очи.  Затоа започнав и со декорација на храната, за почеток со мали цветови, за потоа  да работам и цели аранжмани, маси. Напредував во работата. Користам само зеленчук и овошје, во лето диња и лубеница, додека во зимскиот период тиквата е најдостапна и добра за работа – вели Снежана.

Дека создавањето на овие креации е уметност, покажува и тоа што за секоја пригода таа ја проучува масата, колку е голема, за колку гости ќе биде поставена, кој е поводот, но и што да се изделка, изработи. Вели ништо не е случајно, се има своја порака.   Велкова е сопственик на ресторанот ,,Софра,, во Неготино каде гостите можат да видат дел од нејзината умешност и знаење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »