речник контакт

Како пред 50 години го предвидувале светот во 2014 година

Легендарниот писател на научна фантастика, Исак Асимов, составил листа на свои предвидувања за 2014 година пред 50 години. Он лајн учење, 3 Д телевизори, колонија на Месечината

Петар Печков

Тој ја замислил 3Д телевизијата, подземни градови, колонии на месечината. Многумина го фалеле неговото напредно размислување, но се чини дека неговите предвидувања сепак не биле толку оригинални. Всушност, можеби биле и премногу конзервативни.



Во таа статија на еден од најплодните автори на сите времиња нема ништо освен популарен футуризам од 50-тите и раните 60-тите години. Но, не треба да се намали доприносот на Асимов, туку да се покаже како визиите за иднината се развиваат како и останатите идеи, полека и во склад со културата во која настануваат.

Еве неколку предвидувања на Асимов во контекст на некои други футуристички визии од неговите рани години.

1. Градови под морето

„Популацијата се’ повеќе ќе ги населува пустините и поларните краеви. Куќите под вода ќе бидат атракција за оние кои сакаат водени спортови, и без сомнеж ќе поттикнат аксплоатација на океанот“.

Оваа идеја била неизмерно популарна во 50-тите години од минатиот век. Идеите за подводни градови можат да се пронајдат во разни магазини и ТВ програми. На читателите и гледачите им е дадено до знаење дека поради унапредувањето на превозните средства повеќе нема да биде препрека на патот за населување на пустината, океанот и другите запоставени краеви.


2. Автоматизирани роботски автомобили без возач

„Многу труд ќе биде вложен во дизајнирање на возило со роботски мозок, кое ќе може да биде програмирано да ги одвезе патниците до дестинацијата без потреба за управување од човек“.

Уште многу порано се појавувале вакви идеи, а во 1957 година е објавен и плакат кој прикажува семејство кое во автомобилот игра друштвена игра, наместо некој од нив да го управува. Иднината и постоењето на возило без возач биле нешто на што производителите на автомобили и големите компании со сигурност се обложувале.

3. Автоматизирани кујни

„Кујнските апарати ќе можат сами да подготвуваат оброци, да загреваат вода и да ја претвораат во кафе, да направат тост, да пржат, похуваат или да направат кајгана, да печат сланина и слично. Појадокот ќе се нарача вечерта претходно и ќе биде подготвен во точно одредено време следното утро. Комплетните ручеци и вечери од половина подготвена храна ќе се подготвуваат во замрзнувачот, додека не дојде време за нивната автоматска припрема“.
4. Светлечки ѕидови

„До 2014 година расветните панели ќе бидат дел од секојдневието. Ѕидовите ќе светат дискретно и во изобилство на бои кои ќе се менуваат со притискање на копче“.

Ова предвидување има свое користење уште во 1930-тите години, кога луѓето во амбиенталните светла на ѕидот виделе футуристичка идеја. Единствено нешто што чуди во однос на ова е фактот дека во 50-тите луѓето сметале дека во иднина ќе ни требаат такви ѕидови бидејќи ќе живееме во куќи без прозорци, отпорни на бомбардирање

5. Роботи во теорија и пракса

„Роботите во 2014 година нема да бидат ниту многу добри ниту пак секојдневна појава, но ќе постојат“.

На прв поглед ова е изненадувачко предвидување бидејќи роботите во домаќинството се ветување кое веќе долго време најавува свое остварување во блиската иднина. Сепак, во речениците од минатото на Асимов се гледа дека тој нема високи очекувања за тие роботи.

„Роботите ќе бидат големи, неспретни, ќе се движат бавно, но ќе бидат способни за темелно чистење, средување и управување со различни кујнски апарати
6. Колонии на месечината

„Движењето во колонии на месечината ќе биде овозможено со импресивни возила со меки гуми кои ќе можат да се носат со нерамен терен, кој ќе го затекнеме на нашиот природен сателит“.

Асимов веројатно бил под импресија на светскиот саем во Њујорк во 1964 година. Колониите на месечината тогаш биле прикажани за прв пат, како што тој и самиот кажува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »