Петар Печков
Објавено: среда, 08 јули 2015
Од вчера вечер на плоштадот Сармаале, започнаа вечерните дежурства на здравстените работници. Целта на пунктовите е да се дејствува превентивно и да се подигне личната свест за самозаштита на граѓаните при високите температури.
Доктор и медицински сестри од ЈЗУ Здравствен дом Велес, со превентивни прегледи им помагаат на граѓаните како да го надминат ,,топлотниот бран,,.
Се мери крвниот притисок и се делат совети, како против вруќините. Од вчера вечер се до натаму, летово, од 18,30 до 21 ч. кај фонтанта на Сармаале, се дели и флаер со препораки од Светската Здравствена организација и Црвениот крст, како против топлотниот бран. Првта вечер за три часа повеќе од 150 велешани добија совет и им беше измерен крвниот протисок.
Овие дежурства ќе бидат во сила се додека има потреба, најавуваат од Министерството за здравство. Докторите предупредуваат дека високите температури може да доведат и до појава на разни заболувања, а пред се' до труење од храна, поради што треба повеќе да се внимава на личната хигиена, добро да се мијат овошјето и зеленчукот, да се одбегнува лесно расипливата храна.
Tweet |