речник контакт

Како се одбележа 9-ти Ноември денот на Општината

За денот на општината 9-ти Ноември Велес доби економска зона вредна 200 илајди евра, од ЕУ како награда за 2-ро место за проект во 2006-тата. На површина од 9 ха има 33 парацели од кои 12 се со сопственик и веќе се продадени.

Петар Печков

За денот на општината 9-ти Ноември Велес доби економска зона вредна 200 илајди евра, од ЕУ како награда за 2-ро место за проект во 2006-тата. На површина од 9 ха има 33 парацели од кои 12 се со сопственик и веќе се продадени. Зоната ја предадоа во употреба  евродипломатот Ервен Фуере, Бранко Азески претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и градоначалникот на Велес Аце Коцевски. За дооформување на просторот општината одвои дополнителни 25 илјади евра.

За истиот повод беше предадена во употреба и новата зграда на библиотеката „Гоце Делчев“ со корисна површина од 800 м2 и салата „Бели мугри“ опремена со најсовремена аудио и визулена техника, каде ќе можат да се одржуваат свечености. Библиотеката има на располагање и читалница за студенти, медиотека и игротека. Во нејзиниот хол се наоѓа и споменик на Коста Солев Рацин, донација од академик Томе Серафимовски. На свечената седница беа доделени и 9-то ноемвриските награди.
 Библиотека „Гоце Делчев“
 Академик Серафимовски покрај неговата нова донациjа на Велес, споменик за Рацин

Библиотека „Гоце Делчев“
 Голема икебана од руски „Лук Оил“ за празникот на Велес


Ерван Фуере посебно се заинтересира за овие две дела на Илчо Стојановски

 
Награда „Гемиџии“ за животно дело за Илија Васков

Наградата Гемиџии за животно дело за актерот Кирил Попов
 Предавање во употреба на економската зона

Сала „Бели мугри“
 Сала „Бели мугри“

Спомен плакета за „Агриа“
 Спомен плакета за „Соната“

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »