речник контакт

Како се трошат народните пари

Веб-страницата sledigiparite.mk можност за информација каде и како се трошат народните пари. Во Велес Општинскиот Буџет најмногу се троши за плати и надоместоци, најмногу пари доаѓаат од трансфери и донации

Петар Печков

Новата веб-страница им овозможува на македонските граѓани да ги следат општинските приходи и расходи, давајќи им поголем пристап до локалната власт.

веб-страницата ја изготви независната група Метаморфозис, организација која ја промовира транспарентноста и одговорноста.

„Тоа ќе помогне да се се развие поинтензивно граѓанско учество при планирањето и донесувањето на буџетите“, рече за SETimes Елена Игнатова, портпаролка на Метаморфозис. „Ќе биде можно и да се види што точно и во кој момент било потрошено од буџетот на општината.“

Сите податоци се преземени од општините. Во моментов истата содржи податоци од 2008 до 2012 година и за буџетите од 2013 година за 16 од 80-те општини во Македонија.

Игнатова објасни дека со охрабрување на комуникацијата меѓу учесниците -- граѓаните, локалните претставници и цивилните организации -- Метаморфозис има намера да формира заедничка база на податоци за фискалните работења на локалната власт.

Веб-страницата е важна со оглед на потребата од дијалог меѓу граѓаните и градоначалниците, според Миодраг Колиќ од Форуми во заедницата, организација финансирана од Швајцарската агенција за развој.

„Никогаш доста од демократија. Најбитна е подготвеноста на градоначалникот да го отвори процесот на буџетирање за јавноста“, рече Колиќ за SETimes.

Има и други бенефиции кои произлегуваат од оваа веб-страница, според Јове Брглевски, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија во Битола.
Поврзани написи
Германија нуди експертски совети за Македонија и за регионот


„Лесно откривање на корупцијата во однос на предвиденото, потрошеното и реализираното, а исто така и видлива евентуална нерегуларност на тендери и јавни набавки“, рече Брглевски за SETimes.

Некои граѓани коментираа дека веб-страницата е интересна, како и корисна.

„Јас сум 15 години бизнисмен и ги знам цените на сите градежни материјали. Би сакал да ги следам набавките кои се случуваат во општина Битола, за да се избегнат шпекулациите за нетранспарентно работење на општината и да сум во тек за вистинитоста на набавките и реализацијата на проектите“, рече за SETimes Николче Георгиев (42), бизнисмен од Битола.

 текстот е преземен од  SETimes.com.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »