речник контакт

Како течеше почетокот на судењето на Левко Картинов за братоубиството

- Јас не сум убиецот на брат ми, тоа го сторија други луѓе кои седат овде во судницата, вака се бранеше Левко Картинов (47 год)...

Петар Печков

- Јас не сум убиецот на брат ми, тоа го сторија други луѓе кои седат овде во судницата, вака се бранеше Левко Картинов (47 год) на почетокот од судењето за братоубиството кое се случи на 19-ти мај годинава во 1,25 часот по полноќ кога по расправија поради прегласна музика за матурска прослава на внукот,  беше убиен Драган Картинов (43 год). 

-  Невин сум,  не го сторив убиството а јас отидов само да го бранам син ми Зоран кого Зоран Апостолов и Драган Картинов го тепаа. Кога дојдов до нив ги земав ножевите кои беа во нивните раце и побегнав. Не пријавив  веднаш во полиција од страв да не бидам обвинет, бидејќи внук на снаа ми Валентина работи таму и тој ми се закануваше.  Зоран Апостолов го уби брат ми, тој имаше нож в рака а ние со синот побегнавме и ги сокривме ножовите кои утрината ги предадовме во полиција, која нас не приведе - изјави Левко Картинов.

Тој во истражната постапка дал спротивен исказ дека соседот Зоран Апостолов и брат му  Драган Картинов го нападнале со ножеви за денес на почетокот од судскиот процес да  го смени исказот, тврдејќи дека сега ја зборува вистината. Обвинетиот Левко не знаеше ниту дека неговата снаа Валентина е прободена со нож, но за него таа е причината што 20 години не контактирал со братот иако живеат во иста куќа. 

Се бранеше дека вечерта барал помош од полиција поради прегласната музика на матурската прослава на внукот, дека имал посета и од Брза помош и имал зголемен крвен притисок. Сето тоа лошо влијаело на неговото здравје бидејќи пред три години имал мозочен удар. Него го вознемирила музиката од која се тресел таванот а на нивните поплаки брат му не реагирал. Тој потсети дека завршил основно училиште во Маца Овчарова каде настава учат деца со посебни потреби. Спротивно на неговото тврдење дека е невин, тројца сведоци тардеа  како Левко сурово со нож го бодел Драган.

\"\"

- Левко беше клекнат над Дрган и со нож во десната рака го бодеше во срцето. Дури и кога ножот беше во телото тој безмилосно го вртеше. Драган се обидуваше да се оттргне да се избега од под него, но неможеше. Кога Левко, избега од пределот на градите на Драган  крвта во млаз течеше а тој ми го даде телефонот да побарам Брза помош и полиција. Потоа ја зема раката на сопругата Валентина, силно ја стегна и ја стави на срцето да престане да крвари - трогателно ја прераскажа морничавата слика Љупчо Иванов, дечко на Адријана Картинова ќерка на убиениот Драган. Тоа предизвика мнгоу емоции и солци во полната судница од блиските на убиениот.

Сопругата Валентина, изјави дека пред некоја година Левко се обидел да ја задави и  сведочеше како тој клечел над сопругот Драган и безмилосно го бодел. Таа иако била блиску не можела да помогне бидејќи ја спречил внукот Зоран. Со идентично сведочење пред судот настапија и соседите Зоран и Лилијана Апостолови.

Нивните искази адвокатот Пенчо Трипчев не ги прифати бидејќи биле со селективен пристап со цел да му наштетат на обвинетиот. Судењето продолжува в среда со сослушувањето на лекарите и вештите лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »