речник контакт

Како ќе работи ЈКП Дервен со пониска цена на ѓубрарина

Работењето на ЈКП Дервен може да биде доведено во сериозни финансиски проблеми со укнувањето на повисоката цена на ѓубрарината од страна на Уставниот суд, но враќањето на досегашните цени финансиски го оптоварува работењето на велешките стопански субјекти.

Петар Печков

Работењето на ЈКП Дервен може да биде доведено во сериозни финансиски проблеми со укнувањето  на повисоката цена на ѓубрарината од страна на Уставниот суд, но враќањето на досегашните цени финансиски го оптоварува работењето на велешките стопански субјекти. Според познавачите на состојбите  најмалку половина милион евра ќе се собира во касата на велешкото комунално претпријатеи, откако сега цените ќе бидат вратени на нивото од фебруари 2008-та година, кога е  воведена новата повисока цена. Тоа може сериозно да го доведе во прашање враќањето на МЕАП кредитот во висина од 3,1 милион евра, за кој гарант е Општина Велес, а беше подигнат за промена на водоводната и канализациона мрежа во градот. Од ЈКП Дервен доаѓаат смирувачки тонови, дека нема да има никакви проблеми во нивното работење а цената ќе бдие корегирана.

- Отплатата на МЕАП кредитот не е доведена во прашање, таа редовно се плаќа и така ќе биде натаму. Очекуваме наскоро  цената на ѓубрарината да биде вратена на старото ниво –  изјави Ѓорги Коџобашиев директор на ЈКП Дервен.

Но до претседатеалот на Советот на општината Славчо Чадиев за скорешната седница на Советот нема дојдена таква точка. Ниту градоначалникот Горан Петров, како овластен предлагач, не добил барање од УО  за покачување на цената. Уставниот суд ја укина Одлуакта за новите повисоки цени на прибирањето и транспротирањето на комуналниот отпад, бидејќи во фебруари 2008- та Советот ја донел по предлог на Управниот одбор на ЈКП Дервен а не по предлог на градоначалникот. Но правниците велат дека таква точка не може да биде ставена на дневен ред, бидејќи не е во согласнсот со Уставот, каде стоело дека доколку тој укине било каква одлука, таа не може повторно да се врати на донесување. Ваквата состојба ќе го доведе во прашање финансиското работење на ЈКП Дервен. Од друга страна враќањето на досегашните  цени за велешките стопанственици ќе биде погубно, сметаат тие. Како пример посочуваат дека Велес плаќал највисока цена за ѓубрарина, што сериозно го оптоварувал производниот процес.

- Дојдовме во ситуација односот на платената струја спрема платената ѓубрарина да биде 3:1, што е катастрофално. Тоа значеше дека секој прозивод беше поскап за 1,5 евро поради повисоката цена на собирањето на отпадот. Сите размислуваме да најдеме некој друг правен субјект кој ќе го собира и транспортира сметот по пазарни цени – велат од велешка фирма. Повеќе велекшки стопански субјекти како што се Талкова, Крзнара, Жито Вардар, Брако укажувале во неколку наврати дека трошоците за оваа давачка се енормно високи.  Тие реагирале и што ЈКП Дервен наместо наплатата да биде во килограми или метар кубен, како што е во Законот са комунален смет, ја наплаќал во метри квдаратни.

До фебруари 2008-та се плаќале 1,65 денар за квадрат а досега  двојно повеќе 3,5 денари. Кај граѓаните цената беше 1,5  наспроти  пред покачувањето 1,25 денари за квадрат. Во таква ситуација прва повлекла нога велешката касарна „Алексо Демнеивски Бауман“ која се откажала од услугите на ЈКП „Дервен“ и нашла друг субјект кој сега  го собира отпадот, бидејќи наместо за 300 лица плаќала сметки за неколку илјади метри квдаратни. Ова во голема мерка ја испразнило касата на велешките комуналци. Освен високата цена на ѓубрарината, велешани плаќаат после Охрид најскапа вода во Македонија. Поради ова дел до фирмите во градот започаа да копаат бунари и ја користат таа вода како технолошка, што исто влијаеше на празнењето на Буџетот на ЈКП Дервен.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »