речник контакт

Кактус vѕ Негрос

За ривалството помеѓу овие две групи, кој своевремено добиле награда за најдобри групи во Македонија

Петар Печков

Групите Кактус и Негрос одбележаа дел  од музичкиот живот во градот. За нивната работа но и ривалство низ приказните на Бегинот и Крсто, секој од свој агол, од ова дистанца.

И двајцата по паузта од музицирањето, повторно се активираат на  почетокот од 80-тите, секој во различна група

Кактус работи од септември 1980-та, почнавме на Лозар мотелот. Бевме Орцо `Ржар,  Љупчо Чаушот, Боро Ивановски и Трајче Органџиев. Започнавме како забавњаци, ги свиревме сите светски хитови. Цела Македонија идеа да не слушаат, гости, популарни.  1982 имавме свое шоу  на ЈРТ, цела Југославија не гледаше. Десет години одевме летно време на  Јадран. Бевме врв.  Ама по него време се создадоа Негрос .Кај музичарите егото е многу силно, почнаа и диверзии да ни прават, тоа во оваа работа е очекувано, сите сакаа да се докажат.  Ние музичарите живееме за аплауз, за популарност. Свиревме и во хотел Југо, каде настапувано со сите југословенски  пејачи, нема со кој не сме свиреле.  Имавме многу ангажмани. Во 1986-та Чаушот отиде за Германија, Трајче имаше обврски кон МТВ. Имавме персонални промени, популарен беше фестивалот Валандово. Почна музиката да се претопува, да се бара  народно, да свириме свадби На другарските се повеќе преовладуваше фолкот. И преминавме повеќе на фолк сцената. Снимивме и две изданија за касетната продукција на МРТВ – вели Димче Бегинов.

Во 1982-та ја формиравме групата Негрос. Бевме јас Крсто, доктор Ефтим Димитриев, Златко Кајшаров, Наџи Исмаилов кој е сега  починат. Прва свирка ја имавме на Џипунот мотелот кога се отвори,  за Нова година, кај Башино село. Таму започнавме и таму свиревме.  Низ групата минаа многу музички ѕвезди Зоран Манев, кој сега живее во Битола, Миле Мувата, Ѕимпето, имавме врвни музичари. Негрос имаше голем успех, не испратија и во Германија на турнеја. Бевме членови на естрада, сите пари преку нив одеа,  нема шанса пари  на рака, или инструмент да се купи без нивна дозвола. Толку бевме добри што една година од нив добивме награда за најдобра кафанска група во Македонија. Додуша и Кактус пред нас добија година - две. Ние кога добивме бевме подобри од Македонски Мерак,  со браќата Завкови, Барбаровски, елита, Јове Кекеновски имаше некоја група тоа време. Добивме плакета. Кактус повеќе свадби и другарски свиреше, такво времето беше. Се бараше народно, ама оставивме силен печат – објаснува  Крсто Џгуров.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »