речник контакт

Калиопи ќе пее за Македонија на Евросонг 2012 во Азербејџан

Поп дивата Калиопи Букле е овогодинешната претставничка на Република Македонија на Евросонг 2012 што ќе се одржи во Азербеџан.Таа вели најважна е песната со која ќе настапам

Петар Печков

Македонската радио телевизија оваа година одлучи да го примени српско/хрватскиот модел на избор за претставник, односно како членка на ЕБУ, таа не мора да направи конкурс и избор на повеќе изведувачи за претставник на песна за Евровизија.

Што се однесува до песната со која Калиопи ќе не претставува, таа ќе биде избрана на сличен начин како што беше избрана песна за Тоше Проески, кој беше наш претставник во 2004 година.

Калиопи е една од нашите најпознати изведувачки, зад себе има 9 албуми и безброј хитови. Последен е албумот “Порака“, кој покрај во Македонија е објавен и во регионот. Таа е почесен амбасадор на УНИЦЕФ од Македонија, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост "Мајка Тереза".

Вес­та де­ка ќе учес­тву­ва на Ев­ро­сон­гот Ка­ли­о­пи ја до­че­ка во стран­ство, но нак­рат­ко из­ја­ви де­ка е воз­бу­де­на и среќ­на от­ка­ко ја доз­на­ла од­лу­ка­та на МТВ.

 Се раз­би­ра, не раз­мис­лу­вав дол­го да­ли да го при­фа­там нив­ни­от пред­лог зна­еј­ќи де­ка со се­то мое до­се­гаш­но ис­ку­ство ќе мо­жам да при­до­не­сам за што по­доб­ра пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја на Ев­ро­сонг след­на­та го­ди­на. Се­га е важ­но да се од­бе­ре вис­тин­ска­та пес­на и на­чи­нот ка­ко да се дој­де до неа. Се на­де­вам де­ка мо­јот на­род и мо­ја­та пуб­ли­ка ќе ми би­дат го­ле­ма под­дрш­ка во оваа ев­ро­ви­зи­ска при­каз­на, чии стра­ни­ци од де­нес поч­ну­вам да ги пи­шу­вам - ве­ли таа.

Сигурно е дека атаму ќе пее и Жељко Јоксимовиќе, кој е избран како пеач  од Србија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »