речник контакт

Камбек на брадата

Судејќи според одушевеноста на женскиот свет, изгледа дека воопшто не им пречи кога мажите ќе пуштат брада.

Петар Печков

Без разлика дали на модните писти или во секојдневието, брадата се враќа како моден детал кај мажите. Во Германија, 64 отсто од мажите во последно време носат брада, без оглед на годините.

Дали на модните писти во Милано, Париз и Берлин или во високото друштво - брадата е повторно салонска мода. Ја носи и Лапо Елкан, наследникот на Фиат, исто како и синот на британскиот банкар Дејвид Де Ротшилд, некогашниот германски тениски ас Борис Бекер или британската фудбалска икона Дејвид Бекам.
Дури и во рекламите мажите со бради се се’ поприсутни. Што тоа се случи одеднаш?

„Брадата е симбол на мажественост, пред се’ на вистинската мажественост. И токму во кризни времиња, повторно се очекува од мажите да бидат мажи во вистинска смисла, бидејќи можеби жените чезнеат за класичен тип на маж, но секако тоа е само клише“, вели модниот експерт Бернард Рецел.

Судејќи според одушевеноста на женскиот свет, изгледа дека воопшто не им пречи кога холивудските ѕвезди како Роберт Петисон и Кристоф Валц одеднаш ќе пуштат брада.
И на улиците на Берлин се побројни се оние кои носат бради. Или со други зборови, брада носат речиси сите. Еве што велат граѓаните:

„Брадата го менува изгледот и ве прави помажествени“.
„Па убаво е, а зад тоа стои мажественоста“
„Убаво ми стои, така ми вели девојката“.
„Мажот изгледа понегуван кога е избричен, но и понежен“.
„Зависи дали мажот е негуван или не... ако е, тогаш брадата поубаво му стои“.
„Секое утро одлучувам дали да ја оставам да потпорасне или делумно да ја избричам, така постојано се менувам“.

„Брадата е откриена како втора фризура, првата е онаа на главата, а на лицето втората. Со тоа што сокрива дел од лицето брадата открива нешто за нас“, објаснува Бернард Рецел.
Силвестер Шихан носи брада од една едноставна причина - како манекен така полесно доаѓа до работа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »