речник контакт

Камен темелник за ново училиште во Иванковци

До први септември ќе има нова зграда за 70 ученици од селото Иванковци

Петар Печков

  Поставен е камен темелник на основното училиште во велешкото село Иванковци, кое пред еден месец изгоре до темел. Министерството за образование ќе вложи два милиони денари за на 170 метри квадратни да  никне нова зграда, каде од есен ќе учат 70-тина деца од селото.   Од таму најавуваат дека за 50 дена тоа ќе се изгради, со помош на новините на брза градба, современ начин на работа, од материјални кои се целосно огноотпорни.

Ова училиште според функционалноста беше гордост на жителите на селото, но ќе направиме уште подобро и пофункционално. Во него многу генерации се образуваа и учеа а ќе продолжат и многу следни. Императив за министерството е децата да не загубат ниту еден ден од наставата. Ќе сториме се, да се изгради во предвидениот рок – изјави Никола Тодоров министер за образование, кој не одговори дали ќе биде присутен на отворањето на училиштето, од истата позиција каде е сега.

Ниту по еден месец од огнената стихија не е позната висината на направената штета ниту причината од која изби огнот. Во меѓувреме на сите ученици им се поделени сведителствата а завршените осмооделенци се запишале во средното образование.,

Искрено ми е жал што еден прекрасен објект, училишната зграда во село Иванковци изгоре до темел. Превземавме повеќе мерки за први септември да биде прв училиштен ден за децата од ова училиште, иако периодот е многу краток.  Тоа ќе биде изградено по највисоки стандарди, во поглед на енергетска ефикасност, просторно сместување, санитарните јазли,  централно греење – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »