речник контакт

Каменувано лице кое минувало на преминот од Болница кон Љубљанска

Н.Н се здобил со повреди на главата од лице кое е иднетифуквано како Р.А.

Петар Печков

Сограѓанин кој вчера, понеделник на пладне минувал низ дворот нa ОУ Блаже Конески, од патеката која води од и кон Болница, бил каменуван од младо лице. Се здобил со тешки повреди на главата,за што побарал помош од блиска приватна здравствена амбуланта.

„Чокекот се симнуваше од Болница и разговареше на мобилен. Некое момче му пријде и почна да му префрла. Лицето не се обѕираше и продолжи да оди кон улицата. Тогаш непознатото лице почна да го мава со камења, при што се виде дека крвари има повреди на главата. Видов дека замина кон блиска приватна амбулата, целиот крвав во главата“- вели велешанка, која минувала во близина и го видела настанот.

Од велешката полиција потврдија дека имало инцидент и дека е познат сторителот.

„На 25 јули  околу 13 часот во СВР Велес, Н.Н.(38) од с.Бузалково пријавил дека на ул.„Љубљанска“ бил физички нападнат од Р.А“ – соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес Додаде дека се работи на расчистување на случајот.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »