Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јули 2026
Викендов привршија работите за ставење во употреба на камерите од „Безбеден град“. Ангажираната фирма ги поврза камерите со системот и тие можат да се користат.
Најавите беа дека „Безбеден град Велес“ ќе започне со работат од 15 јули. Во градовите каде тој функционира, претходно МВР ги информираше граѓаните дека системот работи.
Градоначалникот Марко Колев најави дека освен постојните, побарал да бидат поставени уште две камери како дел од безбедносниот систем. Едната на ул. Благој Ѓорев, на угорницата кај „Вел сити“ над Касарна и втората на ул. Димитар Влахов карши поранешниот хотел Вила Зора.
| Tweet |




