речник контакт

Камион излетал од автопат, возачот минал со лесни повреди

Камионот се превртел кај наплатна рампа Виничани

Петар Печков

Претпладнето, камион излетал од автопат, кај наплатна рампа Виничани. Возачот минал со лесни повреди.

„Денеска 24 јануари околу 10.45 часот во СВР велес било пријавено дека на автопатот А1 Велес - Градско, товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(46 год) од Делчево, излетало од патот“ – информираше Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

На лице место била упатена екипа на Итната помош, кој му ја дала неопходната здравствена нега на возачот по што го префрлила на хирургија од Општа болница Велес.

Од таму информираа дека се здобил со набиеници на потколениците од нозете, извршени биле претраги и снимања, па по барање на пациентот, бил пуштен дома.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »