речник контакт

Камион слета во амбис, возачот тешко повреден

Сообраќајката се случила кај Дервенскиот мост

Петар Печков

Четвртокот наутро  околу 8 часот   камион излетал од патот, паднал во амбис , возачот минал со тешки повреди, но  е  надвор од животна опасност. 24 часа по  настанот  СВР  Велес излезе со информација.  Најмногу работа имале пожарникарите додека го извадиле возачот од кабината.

На делницата од автопатот А-1 Градско- Велес пред „Дервенски мост“ е дојдено до сообраќајна незгода во која товарно влекач марка „Волво“ со рег.бр. КА 2750-АЦ сопственост на „Бранша транс“  дооел и полуприколка марка „Горица“ со рег. бр. ВЕ 740-ЈП сопственост и управувано од Б.Д.(49) од Кавадарци,  удрил во металната заштитна еластична ограда, излегол надвор од коловозот и слетал во амбис. Возачот е пренесен во  Општа болница - Велес каде се констатирани тешки телесни повреди и истиот е задржан на лекување – пишува  во писмената информација. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »