речник контакт

Камион со турски регистарски таблички завршил во провалија, возачот минал неповреден а го извлекувале пожарникари

Камионот излетал од автопат после наплатна станица „Отовица“ на место викано „Пуста кула“,

Петар Печков

Вчеравечер, вторник, товарно возило со турски регистарски таблички излетало од автопат, после наплатна рампа Отовица.  Камионот завршил во провалија а возачот минал без повреди. Велешките пожарникари го ваделе турскиот државјанин од превртеното возило.

„На 2 јануари околу 22.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на Автопат А1 Велес – Скопје, после наплатна станица „Отовица“ на место викано „Пуста кула“, товарно возило „рено“ со приколка со турски национални ознаки, управувано од Р.С. (53 год) од Република Турција, излетало од патот“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВ Велес.

На местото на настанот била повикана екипа на Итната помош но и пожарникари од ТППЕ Велес. Тие го извадиле возачот од превртениот камион и го предале на екипа на Итна помош.

„На ден 2 јануари во 22:25  примена е дојава од стана на Итна Медицинска  Помош за превртен камион шлепер на автопатот Велес-Скопје  после наплатната станица Отовица. ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 5 пожарникари спасители. Со брзото пристигнување и брзата интервенција, заглавеното лице  безбедно е извадено од кабината и предадено на ИМП“- соопштија од ТППЕ Велес.

„Повредениот се жалел на градна болка, имал покачен крвен притисок, дадена е неопходна терапија и транспортиран до хируршкото одделение од велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.  

„Примен е пациент  во хируршка амбуланта, испитувањата  покажале дека нема телесни повреди па е пренесен на интерно одделение. Дадена е потребната здравствена нега и утрово е пуштен дома“ - изјави Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

За случајот бил известен  јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »