речник контакт

Кампања за патниците по автопат „Безбедно лето- вози одморен, вози одговорно“

Реализирана била на наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“

Петар Печков

На наплатните станици „Отовица“, „Сопот“ и „Градско“, од автопатот Скопје – Велес и обратно, реализирана била  превентивни активности, дел од  кампањата „Безбедно во лето- вози одморен, вози одговорно“. 

„На возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста да бидат одморени кога управуваат возило, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемен бројот на туристи кои транзитираат низ земјава по автопатската делница А1 и возачите минуваат стотици километри на пат кон туристичките дестинации, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење“ – соопштија од МВР.
  
Активноста е реализана од  полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

 фото МВР

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »