Петар Печков
Објавено: среда, 26 февруари 2025
На повеќе локации во Велес реализирана е едукативна кампања под мотото „Вози одговорно – животот е во твои раце“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
„На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура“ - соопштија од МВР.
Бил поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републичкиот Совет за Безбедност во Сообраќајот.
Активноста ја реализирале Отсекот за превенција при СВР Велес , во соработка со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес,
фото МВР
Tweet |