речник контакт

Кампања „вози одморен“ за возачите кои сообраќаат по автопат

Летово на автопатот „Пријателство“ на делницата од Катланово до Градско имаше неколку сообраќајни несреќи, една и со човечка жртва и повеќе тешко повредени учесници

Петар Печков

Неделата попладне на автопатот А1, кај наплатната рампа Виничани – Градско се  реализираше превентивната активност под мотото “Вози одморен“. Таа се одржа  во периодот од 16 до 20 часот.

„Преку делењето на едукативно- информативен печатен материјал на возачите им беше препорачано  стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно од страна на полициските службеници им беа делени и шишиња со вода. Целта е да им предочи на патниците, односно учесниците во сообраќајот за опасностите од долготрајното возење особено при летните временски услови кога фреквенцијата во сообраќајот, особено по овој автопат е исклучително голема, и за потребата за одмор на возачите заради нивна лична безбедност, но и безбедност на сите учесници во сообраќајот “- соопштија од МВР.

Оваа активност претставува дел од оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – “Безбедно лето 2022“. Беше реализирана од Отсекот за превенција при СВР Велес, Одделението за полиција и Полициската канцеларија Градско, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Летово на автопатот „Пријателство“ на делницата од Катланово до Градско имаше неколку сообраќајни несреќи, една и со човечка жртва и повеќе тешко повредени учесници.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »