Петар Печков
Објавено: среда, 05 февруари 2025
Hа повеќе локации во Велес, била спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена „Градиме пријателство-создаваме безбедност“.
Целта била превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.
„Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, на кои полициски службеници им укажуваа како да се заштитат, односно што да преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела“- соопштија од МВР.
Реализирана е од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес.
фото МВР
Tweet |