речник контакт

Кандидатот за градоначалник на Левица Златко Арсов - стоп за сообраќајниот и паркинг хаос во градот

Вели дека Велес е како спална соба, многумина работат во Скопје и дома се враќаат само да преспијат

Петар Печков

Од политичката партија „Левица“ велат дека е време да се застане на пат на криминалот и корупцијата и време за владеење на компетентни, чесни и вредни луѓе. Такви да победуваат на конкурсите за вработување, наместо  членови  со партиска книшка. Како пример го посочуваат нивниот кандидат за градоначалник Златко Арсов, професор доктор на Земјоделски факултет во Скопје.

Тој на прес конференција објави дел од неговите планови, меѓу другото  планира и да го уреди крајбрежјето на реката Вардар во централното градско подрачје, со изградба на кеј. Тој посебен акцент става на  користење на малку или слабо искористените општински објекти од  левата страна од  градот, која за жителите одамна е заборавена.

„Напуштениот Хотел Вила Зора да се пренамени во Пензионерски дом за стари лица, поранешното училиште Јордан Џинот  во центар за лица со посебни потреби а во просториите на  Работничкиот универзитет да се донесат  шалтерите за издавање патни исправи, лични карти,  возачки дозволи.   Нови сообраќајници, оти 30 години во градот нема нови а постојните се стеснуваат. Кружен тек на влезот во Велес од правец на Башино село. Со еднонасочен сообраќај да се реши тесното грло, за пристап до двете цркви во градот, каде често владее хаосот.  Изградба на подземни паркинзи. Во програмата се и паркови, зелени површини и спортски терени на левата страна на градот, која е подолго време, со години, запоставена. Потоа изградба на скејт парк во градски Парк.   Воведување на органско земјоделство, современи технологии во аграрот, со цел тој да биде конкурентен а фармерите да остваруваат висок принос,  како и  развој на економијата преку  малите, средни и големи   претпријатија“ се носечкиот дел од програмата на кандидатот на политичката партија Левица, Златко Арсов.

Тој вели дека Велес е како спална соба, многумина работат во Скопје и дома се враќаат само да преспијат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »