речник контакт

Капетан Америка четврти дел и новите љубовни романси на Бригит Џонс, премиерно пред велешани во кино

Три филма се на репертоарот наредните седум дена во Киноверзум Велес

Петар Печков

Филмскиот хит, Храбар нов свет, е четврто продолжение на Марвеловиот серијал Капетан Америка и воедно прв филм во кој титулата Капетан Америка ја презема Сем Вилсон (Ентони Мекки), познат како суперхеројот Фалкон. Стив Роџерс, поранешниот Капетан Америка, својата титула и легендарниот штит му ги остави на својот пријател и помошник на крајот на филмот Одмаздници: Завршница. Го замени Сем Вилсон, новопечениот Капетан Америка кој се обидува да се привикне на својата нова титула. По средбата со новоизбраниот претседател на САД, Тадеус Рос, кого во своето деби во филмскиот универзум на Марвел го глуми Харисон Форд, Сем ќе се најде среде меѓународен инцидент. Тој треба да ја открие причината за злокобниот глобален заговор пред вистинскиот мозок на операцијата да го натера целиот свет да „гледа црвено“.

Нашата омилена Бриџит сега е вдовица и самохрана мајка, балансирајќи помеѓу семејството, пријателите и (изненадување!) повторно Даниел (видео)#mce_temp_url#. Со враќањето на работа и апликациите за запознавање, таа привлекува помлад обожавател – но дали вистинската романса може да биде нејзината следна шанса за љубов со… наставникот на нејзиниот син. Како сама жена која живее во Лондон, Бриџит Џонс на специфичен начин го запознала светот со своите романтични авантури, а нејзината способност да триумфира и покрај неволјите ја довело до тоа конечно да се омажи за врвниот адвокат Мар Дарси и да стане мајка на нивното дете. Конечно се среќни. 

Анимираниот  Душичката Ели е синхронизриан на македонски.  Кога малата Ели, еден бездомен женски дух ќе тропне на вратите на необичните жители на возот на духови, со намера да најде место каде што припаѓа, таа ненамерно успева да го привлече вниманието на надворешниот свет. Таа се здружува со разнобојна екипа чудовишта за да ја спаси, не само иднината на возот на духови, туку тоа е и нејзината единствена шанса конечно да има свое семејство во оваа луда акција.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »