речник контакт

Каратмановец мамел ветувајќи работа во Шведска

На шестмина лица од Крива Паланка им зел по 300 евра за договор за работа

Петар Печков

Жител на Каратманово мамел кривопаланчани дека  ќе им обезбеди работа, за што заработи кривична пријава.  Поднесена е кривична пријава против В.Е.(39 год) од село Каратманово – општина Лозово, за сторено кривично дело „измама“ .

Во периодот од септември 2012 до февруари 2014 година, пријавениот довел во заблуда седум лица, дека ќе им обезбеди документи за работа во Шведска.  За реализација ова ветување  В.Е.  од  лицата,   во октомври лани со писмен договор зел по 200 евра.

Необезбедувајќи ги потребните документи  во текот на  февруари  годинава  им рекол дека може да заминат за Шведска, меѓутоа сами да го платат превозот и да носат со себе по 1200 евра, а документите дека ќе ги добијат кога ќе пристигнат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »