речник контакт

Карикатурата како порака

Некои од највпечатливите цртежи во историјата.

Петар Печков

Сатиричните карикатури и цртежи секогаш претставувале силна политичка сила. Сурово убиените карикатуристи на магазинот „Шарли ебдо“ се само последни во низата на оние чиешто перо успеало да го разбранува светот. 

Карикатурата која го урнала Наполеон - Џејмс Гилрој (1805) слика три

Британскиот премиер Вилијам Пит и францускиот император Наполеон Бонапарта внимателно го делат светот. Доминацијата на тогашните две најголеми светски сили, оживеана е така што планенатат е прикажана како пудинг, кој Британија и Франција внимателно го делат на два дела. Наполеон во една прилика изјавил дека карикатуристот Џејмс Гилрој „повеќе од сите војски заедно придонел за неговиот пад“. 

„Улиците на пиво и Џин“ - Вилијам Хогарт (1751) слика два 

Евтиниот џин, често мешан со терпентин, предизвикал бројни општествени проблеми во 18. век во Англија. Сатиричарот Вилијам Хогарт ја прикажал помаменоста по џинот насликана со убиства, самоубиства и колективно лудило. Спротивно од улицата на џин, жителите на „улицата на пивото“ се прикажани како здрави и среќни луѓе.

Британската желба за одмазда - Џон Тениел (1857) м слика еден

Џон Тениел важел з аеден од најбрилијантните британски карикатуристи и цртачи. Во овој цртеж се прикажува британскиот став спрема бунтот во Индија, во 1857 година. Бунтовниците се осудени за злосторство над жените и децата, па затоа под шепите на тигарот е нацртана жена со дете. Црежот ја рефлектирал британската желба за одмазда.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »