речник контакт

Кај Железничка станица Маџари украдена железничка опрема вредна 25 илјади евра

Железничкиот сообраќај, патен и товарен, се одвива непречено

Петар Печков

Во текот на изминатата ноќ , вторник/среда, на железничката пруга, од Маџари во правец кон Скопје е украден е просторен сигнал и 300 метри кабел. Материјалната штета се проценува на 25 илјади евра.

„При редовна контрола на стручните служби на   ЈП МЖ Инфраструктура констатирано дека е украден СТ кабел, кој служи за телефонија  и за сигнализација. Случајот е пријавен во МВР, нивна екипа беше на терен и изврши увид. Направена е голема материјална шета“ - кажа  Никола Марков,  помошник директор за сообраќај на ЈП МЖ Инфраструктура.

Среќна околност е што во тој период немало железнички сообраќај, па неможел да се случи инцидент.  Од „Македонски железници“. додаваат дека  се крадат делови од колосек, шини и свртници кои директно ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот.

Бараат од  МВР да ги открие крадците и тие  да се гонат кривично, а не да поминуваат само со прекршочни пријави.

Железничкиот сообраќај, патен и товарен се одвива непречено.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »