речник контакт

Кај Карабуниште откриена нелегална сеча на дрвја

Шумската полиција откри две лица кои пресекле без дозвола 22 метри просторни дрвја за огрев, наменети за продажба на црно

Петар Печков

Во акција на  шумска полиција од Велес, заедно со  колегите од  Скопје, откриени се две лица  како сечеле нелегално дрвја од околината на велешкото село  Карабуниште.  

Акцијата е изведена во текот на понеделникот околу пладне,  кога на пат од селото кон  Велес бил откриено  камионче марка застава 650 нерегистрирано, без  регистарски таблички. 

На  него имало  товарено 12 просторни метри огревно дрво а потаму биле пронајдени  уште 10 пресечени, подготвени за транспорт.

Овие вкупни 22 просторни метри дрвја или 13 кубици  биле наменети за снабдување  на дрвја за огрев на купувачи, на црно и истите биле конфискувани.

Акцијата која е изведена позади ридот Гроот, или во триаголникот на селата Карабуниште, Белештевица и   Слп.

Со неа треба да се спречи нелегалната сеча на дрвја пред престојаната грејна сезона. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »