речник контакт

Кај велешанец пронајдени 5 кг марихуана

Полицијата проценува дека марихуаната пронајдена кај Н.Ц(28 год) е вредна 20 илјади евра

Петар Печков

Во дом на велешанец, дворот и автомобилот пронајдена марихуана и пари за кои се сомнева дека е со потекло од продажба на дрога. Полициски службеници од СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, денес, петок, иѐвршиле претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28 год ) од Велес.

„При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот. Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога“ -соопштија од МВР.

Н.Ц. бил  приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »