речник контакт

Кај велешанец пронајдени стотина грама хероин, доби и мерка притвор

Против Т.А. е отворена истрага за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“

Петар Печков

Во средата попладне  при претрес во домот на велешанец биле пронајдени стотина грама хероин. Лицето добило мерка притвор.  Повеќе детали од информацијата на СВР Велесm  и ОЈО Велес.

„На 13 март  во 13  часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Т.А.(27 год) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени хероин и две дигитални ваги“ - информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Т.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител. Од ОЈО Велес информираа дек по барање на јавен обвинител на лицето Т.А.  судија во претходна постапка на Основен суд Велес, му  изрекол мерка притвор, поради можноста да го повтори делото или да побегне.  Против него е отворена истрага за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

фото илустрација интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »