речник контакт

Кај двајца велешани откриени 93 гр хероин

М.А.(51) и З.Д.(41) биле уапсени во викендичка кај Бојаџиина чешма и нив им е определен притвор

Петар Печков

Кај двајца велешани пронајден е хероин по што двете лица завршиле во притвор. МВР со детали за настанот.  

„На 29.06.2021 год. околу 19 часот полициски службеници од СВР Велес, при извршен претрес во викенд куќа на место викано „Бојаџиева Чешма“, во која престојувале М.А.(51) и З.Д.(41), пронашле и одзеле околу 90 грама хероин - информираа од МВР.

За овој настан портпаролот на СВР Велс Верољуб Додевски не можеше да даде информација vo 12ч.  оти се уште пронајдената материја била не вештачење и не се знаело што е откриено. И додека тој  не дваше  информации за случајот, ОЈО Велес во 11ч.  веќе објави дека лицата се во притвор, откако против нив СВР Велес веќе поднело кривична пријава.

Основното јавно обвинителство  Велес донело  Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51  и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„Двајцата осомничени на 29 јуни година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички договор неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин во количина од 93,09 грама. Еден од нив договорил преземање на дрогата од лице од Скопје и му дал на другиот осомничен пари во износ од 55.000  денари  за да ја преземе дрогата кај  м.в. Штипска петља. Откако тој ја донел дрогата во викендичката, осомничените заедно започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Во моментот кога започнале со препакување на наркотичната дрога, пријавените се затекнати од страна на овластени полициски службеници од СВР Велес кои извршиле претрес во викендичката.“ - информираа до ОЈО Велес.

Јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес доставил предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на обвинителството бил прифатен, по што Судот на осомничените со решение им определил притвор во траење од по 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »