речник контакт

Кај двајца жители на Бузалково пронајдено оружје

Двете лица биле приведени во полициска станица

Петар Печков

Во две одвоени акции, во Бузалково, полицијата пронашла оружје, муниција  и дел од оружје

„На 05 септември  во 7 часот во Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(50 год) од село Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени револвер, 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол“- информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Кратко време подоцна во дом на друг жител на Бузалково бил пронајден дел до оружје.

„На 05 септември  во 07.10 часот во Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ј.(23 год) од село Бузалково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена рамка за автоматска пушка“ -  дополни Самарџиев.

Двете лица биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »