речник контакт

Кај двајца мотористи од Скопје, пронајден пиштол поседуван без дозвола

Пиштолот го набавиле во Прилеп. И за двете лица има притвор

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против маж и жена од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Претходно полициски службеници  при ОВР Кавадарци на регионалниот пат Градско-Росоман запреле мотоцикл без регистарски таблички, управуван од С.Д. (45 год) од Скопје, а сопатничка била М.Е. (48 год) од Скопје. При извршен преглед во ранец кај М.Е. бил пронајден автоматски пиштол шкорпион со една рамка

„На 23 февруари, за сума од 1500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка „Шкорпион“ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Градско - Велес,  ги сопреле  полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола“ -соопштија од ОЈО Велес.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да се обидат да влијаат врз вештаците или да го повторат делото.Предлогот е прифатен од страна на судија во претходна постапка, и на двете лциа им е одреден притвор. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »