речник контакт

Кај двајца прилепчани пронајдени две ловни пушки и муниција за кои немале дозвола

Против М.Ѓ.(59 год) и Д.Т.(36 год) ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Кај двајца прилепчани откриено дека поседувале ловни пушки,  за кои немале дозвола. Велешката полиција со повеќе информации за настанот, кој се случил во близина на село Степанци.

„На 11-ти јануари, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.Ѓ.(59) и  Д.Т.(36), двајцата од Прилеп. При контрола на возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17 часот на подрачјето на село Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочувари и полициски службеници пронашле две ловни пушки и соодветна муниција за кои двете лица не поседувале дозвола“ – соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле  приведени, оружјето им е одземено и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »