речник контакт

Кај жител на село Ореше полицијата пронашла пиштол и муниција за кои немал дозвола

Ѓ.П. се сомничи дека е сторител и на тешка кражба

Петар Печков

 При претрес на дом на жител ан село Ореше, понајадени се пиштол и муниција за која лицето не поседувало документи. Полицијата го сомничи дека е сторител и на тешка кражба.

„На 24-ти мај  полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал и СВР Велес, по претходно издадена судска наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес на дом и други простории кај Ѓ.П. (52) во село Ораше, велешко. При претресот, во дворот од куќата биле пронајдени пиштол „застава“ и околу 130 куршуми, по што Ѓ.П. е приведен во ПС Велес“ - соопштија од МВР,

Од полицијата додаваат дека по  документирање на случајот до ОЈО Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривичните дела „недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали“и „тешка кражба“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »