речник контакт

Кај кумановец и светиниколка пронајдени 33 грама хероин

Откриени се во автомобил, на наплата рампа Сопот, кумановецот доби и мерка притвор

Петар Печков

Вторникот попладне на наплатната станица Сопот, уапсени биле две лица, оти кај нив е пронајден хероин.  На кумановецот и светиниколката им е определен притвор.

„На 15-ти март  околу 17часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.И.(33) од Куманово и Р.З.(37) од Свети Николе. При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Кумановецот Ш.И.  е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, , додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при извршувањето на кривичното дело, информираа од ОЈО Велес. Донесена е  Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица.

„На 15 март, на автопатот Скопје- Велес, наплатна рампа Сопот, полициски службеници откриле 33,82 грама наркотична дрога хероин која првоосомничениот ја држел во просторот за ракофат до возачкото седиште на автомобил „Рено меган“ со штипски регистарски ознаки. Второсомничената со умисла му помогнала така што му го ставила на располагање автомобилот кој бил во формална сопственост на нејзината тетка. Со автомобилот двајцата се упатиле по автопатот, но биле запрени од полициските службеници, при што дрогата била откриена и одземена“ - соопштија од ОЈО Велес.

Бидејќи постоеле  околности кои го оправдуваат стравот дека првоосомничениот, доколку биде на слобода, ќе се даде во бегство, ќе го попречува водењето на кривичната постапка со влијание врз помагачот и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител доставил предлог да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и определи притвор во траење од 30 дена за Ш.И. .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »