речник контакт

Кај мотел Стоби уапсен скопјанец кој во камион превезувал 80 мигранти

Младиот скопјанец побегнал од местото, но бил уапсен

Петар Печков

Сообраќајната полиција открила случај на криумчарење на мигранти, кој се случил во саботата претпладне. 

На 15-ти август во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино -Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки. Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од село Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти, 79 од Пакистан и едно  од Еритреја - информираа од МВР.

Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став  4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ - Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »