речник контакт

Кај село Војница, викендов гореше смрека и даб

Неделата попладне пожар избил и на стрниште помеѓу Иванковци и Мамутчево

Петар Печков

Пожарот кој два дена гореше во реонот на село Војница, Општина Чашка е локализиран, информираа од Центарот за управување со кризи. Започна сабота во 15,30 ч. а беше изгаснат неделата во 10,50ч. 

Горела смрека, даб и трн. На огнот интервенирале пет вработени од Шумското стопанство Бабуна од Велес и тие биле на терен до неделата попладне до 17ч. Опожарена била површина од 5 хектари.

„Ангажираните на терен укажуваат дека во внатрешноста на пожарот се уште има по некој трупец кој чади. Опожарената површина ќе се утврдува во текот на денешниот ден“ - соопштија од ЦУК.

Од ТППЕ Велес, известуваат дека недела попладне во период од 17:23 до 18:55 часот, со четворица  пожарникари и едно  противпожарно  возило гаснеле запалено стрниште на површина од околу еден  хектар помеѓу селата Мамутчево и Иванковци.

 фото архива илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »