речник контакт

Кај три лица од Долно Јаболчиште пронајдено оружје и муниција за кои немале дозвола

По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка, денес, недела,  ги лишиле од слобода М.З.(86 год) и неговата ќерка  41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.  

„При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка Бајкал, ловечка пушка Црвена Застава, карабин Хемерлес, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ЦЗ- 9, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин Црвена застава- расклопен на делови и карабин без ознаки“ – информираа од МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Со наредба од Основен суд Велес, беше извршен претрес и во домот на Џ.З.(44 год) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде се пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал" и 20 патрони за пушката“ – додаваат од МВР.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »