речник контакт

Кај тројца велешани пронајдени садници марихуана

Освен марихуана, биле пронајдени и пари

Петар Печков

Во полициска акција вчера во Велес, полицијата открила три лица кои одгледувале и поседувале марихуана

„На 10 август  по претходно добиена наредба од Основен суд Велес извршен е претрес во домовите на три лица во Велес. При претресот кај З.Ј. (50 год) од Велес се пронајдени и одземени две саксии со садници канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, едно пакување со опиум, едно пакување со амфетамин и дигитална вага. При претресот кај Д.Ј. (29 год) се пронајдени и одземени марихуана и поголем износ на пари, додека кај З.Ј. (26 год), двајцата од Велес, се пронајдени и одземени саксија канабис сатива и марихуана“ -соопштија од МВР.

Лицата  биле приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настаните, против нив полицијата  ќе поднесе  соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »