речник контакт

Кајак репрезентативците уште првиот ден го завршија учеството на ЕП до 18 и 23 год

Сите петмина се велешани

Петар Печков

На кајак патеката Колна, близу Краков изминатите денови се одржа Европското првенство во кајак слалом, за јуниори и до 23 години. На него  меѓу 250 учесници од 30-тина држави беа  и петмина македонски репрезентативци, сите велешани.  

Тие учеството го завршија уште на  почетокот, првиот ден. Кај јуниорите во К-1  Александар Златаров во првото возење беше 36-ти а  во второто 21, Виктор Миланов беше 41-ви и 26-ти додека Енис Небиовски беше 42-ри и 19-ти.

Во првото возење учествувале 48 натпреварувачи додека во второто 20 помалку  или 28 ,  без тие што се пласирале во полуфиналето. Овие тројца возеа и екипно 3хК-1 каде од 16 селекции беа последни 16-ти.   

 Се натпреваруваа и двајца репрезентативци до 23 години возраст во К-1.  Борче Мирчевски кој првото возење имаше резултата за 40-то место а во второто беше 25-ти, додека Игор Стефановски  беше 42-ри со 29-ти. Во првото возење учествувале 51 натпреварувач а во второто 31.  

 Кај јуниорите европски првак стана Нико Тестин од Словенија, додека за категоријата на возраст до 23 години Јири Прскавец од Чешка. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »