речник контакт

Кајакарите на ЕП за младинци возеа само квалификации

Небиовски за малку не стигна до полуфинале

Петар Печков

Младите македонски  кајакари, и двајцатга велешани,  уште првиот ден ги завршија настапите на ЕП во младински категории, кое се одржуваше во Словенија.  

Енис Небиовски, кој настапува во К-1 до 18 години, за малку не успеа да влезе во полуфиналето. Во првата трка  беше 30-ти од 61 натпреварувач, додека во втората 34-ти.

Александар Златаров во К-1 категорија до 23 години беше   при дното, во првото возење 42 од 50 учесници а во второто последен 29-ти. ЕП во  кајак слалом  на диви води се возеше на патеката Солкан на Соча во Словенија.

Овие двајца натпреварувачи беа учесници и на СП во младински категории кое  летово се одржа во Краков Полска, но и таму настапија само во квалификациите.  

Кај јуниорите до 18 год. победи Јакоб Вегер од Италија, а кај јуниорите Андреј Малек од  Словачка.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »