речник контакт

Кајакарот Петрушев 15-ти јуниор во светот на СП во кајак диви води-слалом

Петрушев со 17 години, оствари пласман во јуниорска конкуренција, кој одамна не е забележан во македонскиот кајак, во младински категории

Петар Печков

Македонскиот репрезентативец Ангел Петрушев го освои 15-тото место на Светското првенство во младински категории во кајак К-1 слалом на диви води, кое се одржа во Словенија на патеката Тацен на Сава. 

Претпладнево тој веслаше во полуфиналето јуниори и за 1,39 секунди му побегна 10-тото место, кое носеше пласман во финалето.

Петрушев со 17 години, оствари пласман во јуниорска конкуренција, кој одамна не е забележан во македонскиот кајак. Во оваа конкуренција во квалификациите во четвртокот веслаа 59 натпреварувачи. Победник е Французинот Кастрик. 

„Беше напорно и тешко возење, со многу адреналин. Се подготував и вложив многу за овој настап. Очекував и финале, но и ова 15-то место е одличен резултат, со оглед на условите со кои се работи и тренира“ – кажа во телефонска изјава за ТрМр, Петрушев. 

Следен предизвик за Петрушев, кој годинaва го освои ИКАС, е Европското првенство кое кон крајот на  август  ќе се одржи во Словенија, на патеката Солкан, на Соча.  Дисциплината во која вози Петрушев е олимписка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »