речник контакт

Квалитетот на воздухот во Велес е мошне лош, соопшти Институтот за јавно здравје

Надминати се концентрациите на PM10 честички над граничната вредност. Кои се препораките од Институтот за здравствено ризичните групи граѓани

Петар Печков

Институтот за Јавно здравје  (ИЈЗ)квалитет на воздухот во Велес измиваните денови го квалификува како „мошне лош“. Според вчерашниот извештај, заклучно со 26 декември до 11ч. Велес е заедно со градовите Струмица, Гостивар и Прилеп, додека екстремно лош е во Скопје и Берово.

„Во Велес, Струмица, Прилеп, Гостивар, квалитетот на воздухот се категоризира како “многу лош” и тоа заради надминување на концентрациите на PM10 честички, додека во Битола заради зголемени концентрации на PM2.5 честички. Согласно прогнозите на ЕЕА, состојбата во наредните 24 часа ќе остане речиси непроменета земајќи ги во предвид метеоролошките фактори. “ - соопштија од Институтот.

Кои се најчувствителни лица и под ризик? Кои се чувствителните групи на население?

Според објаснувањето на ИЈЗ тоа се деца помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени категории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик.

Институтот препорачува носење на заштитна маска на отворено.

Препораките за граѓаните каде квалитетот на воздухот е лош се следни:

Секој што чувствува непријатности како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено.

Зајакнете го имунолошкиот систем. Консумирајте здрава храна со многу овошје и зеленчук.
Останете дома ако не треба да излегувате.

Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, и возрасните со проблеми со срцето, треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптоми.
Бремените жени треба да останат во затворен простор.

Луѓето со астма може да откријат дека треба почесто да ги користат нивните инхалатори.
Постарите луѓе исто така треба да го намалат физичкиот напор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

Министерот за животна средина кажа дека податоците од мерните станици не се вчитуваат поради преминувањето на нов сервер. 

Податоците за 24 часа во Велес на мерното место Тунел се со последен ден од 23 декември. И четири дена по ред ПМ 10 честичките  беа над граничната вредност   од 50 мг м3.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »